Цигарата после јадење – најслатка и најштетна
Објавено во: Стил 31 Август, 2015
Пушачите на цигари најмногу уживаат во цигарата после одброк. Но, научните студии покажуваат дека тоа е најголема грешка.
Пушењето веднаш после јадење ги иритира цревата и целиот дигестивен систем. Никотинот се врзува со кислородот во крвта, затоа што по јадењето дигестивниот систем работи со полна пареа и полесно го апсорбира.
Поради тоа, пушењето предизвикува проблеми во дигестивниот систем, го отежнува варењето на храната и може да предизвика разни болести.
Истражувањата покажуваат дека цигарата после јадење е 10 пати полоша од „нормалното пушење”. Поточно, една испушена цигара по јадење има дејство како да сте испушиле 10 цигари.
Затоа, не палете цигара веднаш после јадење, почекајте барем половина час.