28 Април, 2024
0.0261

Туморни формирања или рак – најстрашните дијагнози

Објавено во: Стил 09 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Едни од најстрашните дијагнози кои може да  ги слушне човек се рак и туморни формирања, но во оваа тешка положба не треба да се обесхрабруваме, бидејќи постојат билки кои можат да ни помогнат.

Во никој случај традиционалната медицина при овие болести не треба да се потценува. На крајот таа ќе го предложи најдобриот третман за вас. Сепак традиционалната медицина ниту негира ниту препорачува билни третмани. Одлуката дали ќе примените рецепти од хербална аптека е ваша, но сепак тоа треба да се сподели со специјалист, бидејќи треба да се одвива според "правилата". Важно е да знаете дека не треба да игнорирате одредени лекување на вашиот лекар или пак да криете од него, дека ќе се применувате и билни третман на болеста. Третман со билки може да се спроведува во сите стадиуми на рак и кај секој од неговите видови.

Малку повеќе информации за ракот

Рак, малиген тумор и малигна неоплазма се имиња на иста болест. Оваа болест е поврзана со абнормалности и раст на клетките кои имаат "можност" да се шират и да влегуваат во секој орган. Важно е да знаете дека не секој тумор е рак, има и бенигни, кои се "расфрлаат" по другите органи во телото. Симптомите и знаците кои укажуваат на присуство на болеста се многу различни. Причината за ова е неговата положба. Може да се појави грутка, крварење, незапирлива кашлица, брзо слабеење и многу други. Специјалистите ставаат на прво место пушењето за причина на "зараза". Не помалку важни причинители на предавничката болест се дебелината, неправилната исхрана, честата употреба на алкохолни пијалоци, недостатокот на физичка активност, загадувачите во животната средина, болки во стомакот, брза ситост, болно мокрење, болка во карлицата, невообичаено крварење по циклус, депресија, бојата на урината е променета, крв во столицата, промени на кожата, отежнато дишење, инфекциите и друго. Но, и покрај сето пред да си направите истражувања не давајте си сами дијагноза, бидејќи овие симптоми се карактеристични и за други болести.

Бенигни тумори

Бенигни тумори се развиваат бавно и постепено. Клетките на бенигните тумори се многу слични на клетките на ткивата од кои потекнуваат. Тие се добро диференцирани, растат полека и обично се јасно ограничени од околното здраво ткиво со капсула т.е. се инкапсулирани. Нивното штетно дејство се должи на притисокот што го вршат на соседните органи и така доведуваат до нивно оштетување и промена на нормалната функција. По оперативно отстранување не се развиваат одново и не метастазираат за разлика од малигните тумори кои даваат метастази во далечните органи.

Видови бенигни тумори

1.Епителни - брадавици или аденоми

2. Мезенхими - остеом, липом, хондром и утерини

3. Нервен систем - неврином и минингиом

4. Лимфните и крвни садови - лимфангиоми и хемангиоми

Малигни тумори

Малигните тумори имаат недиференцирани клетки и се карактеризираат со прогресивно растење и продор во околните ткива. Тие немаат капсула. Со тек на време, малигните клетки навлегуваат во крвните и лимфни садови и преку нив пристигнуваат во другите делови на телото, каде што развиваат метастази. Често и после оперативните зафати и другата применета терапија се повторуваат и метастазираат. Доведуваат до интоксикација на организмот и општа слабост.

Постојат тумори и со семималигно однесување, кои вообичаено се нарекуваат локално малигни тумори. Во оваа група тумори потенцирано е локалното растење, додека исклучително ретко се јавуваат далечни метастази.

Важно е да знаеме

Постојат повеќе од 200 видови на рак, кои не секогаш убиваат. Смртни случаи има, ако тој е во последен стадиум на развој. Болки во самиот почеток на болеста речиси нема и затоа дијагностицирањето е во подоцнежна фаза. Има докажана врска на генетска предиспозиција кај рак на дојка, јајници или стомакот, но и покрај тоа не е задолжително и вие да се разболите ако ваш близок бил болен. Ризикот на морбидитет е поголем, но не е 100%. Ракот не е заразна болест, нема да се заразите при контакт со болен човек. Не можете секогаш да се оперирате и да се спасите. Ако ракот е лоциран до близина на крвен сад или е распространет низ целото тело, операцијата нема да помогне, а ќе ги влоши работите, бидејќи имунитетот ќе падне нагло и организмот нема да има повеќе сили да се бори со него.

Стадиуми на ракот

Одредени се четири стадиуми на рак

1. Прва фаза - во овој стадиум малиген субјект се лоцира на едно место.

2. Втор стадиум - во овој стадиум туморот веќе пораснал и се приближува до лимфните јазли.

3. Трет стадиум - достигнати се лимфните јазли и влијае кај околните ткива.

4. Четврта фаза - веќе има метастаза, тој се шири насилно и влијае и кај другите органи во телото. Тука третманот е речиси минимален и опстанокот е доста тежок.

Еве и билните рецепти, кои можат да помогнат во лекувањето на ракот

Рековме дека традиционалната медицина не треба да се занемарува во никој случај кај оваа болест. Билен третман со комбинација со неа може да ве спаси, но задолжително треба да го информирате вашиот лекар, какви билки ќе користите.

1. Мајчина душица - главната состојка на мајчина душичка е супстанцијата наречена тимол. Таа е познато по своите антиканцерогени својства.

2. Босилек - многу погодна билка за превенција и третман на рак. Таа дејствува како природен бранител против формирање на тумори, а кај веќе достапни такви помага за запирање на нивниот раст.

3. Куркума - направените истражувања на овој зачин покажуваат дека таа е уште еден природен бранител кој нè штити од предавничката болест.

4. Магдонос - зелен зачин кој го чува организмот од туморите.

5. Зелен чај - богат со антиоксиданси, кои го штитат организмот од скоро сите видови на рак.

6.Рузмарин - масните киселини, со кои е богат рузмаринот го запираат формирањето на нови канцерогени клетки.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти