02 Мај, 2024
0.0293

Турција и Германија ги заострија односите

Објавено во: Балкан 22 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Германија го блокира почетокот на следната фаза од преговорите за членство на Турција во ЕУ поради начинот на кој турските власти се справуваат со учесниците на протестите во земјата, изјави неименуван европски дипломат.

Ваквите информации од анонимни дипломатски извори следуваат по минатонеделната изјава на германскиот канцелар Ангела Меркел дека е шокирана од суровиот одговор на Турција при протестите, со што е прекршено правото на слобода на изразување на демонстрантите.

Тензиите во односите меѓу Германија и Турција дополнително ескалираа вчера кога германското министерство за надворешни работи му врачи официјален протест на турскиот амбасадор во Берлин.

Острата германска реакција доаѓа по изјавата на турскиот министер за ЕУ, Егемен Багиш, кој ја обвини германската канцеларка Меркел дека ја користи ситуацијата во Турција за потребите на својата изборна кампања.

„Ако Меркел бара материјал за изборната кампања, тоа не треба да биде Турција“ - изјави турскиот министер Багис, алудирајќи на парламентарните избори во Германија во септември.

Тој посочи дека и бившиот конзервативен француски претседател Никола Саркози остро ја критикуваше Турција на ланските избори за нов шеф на француската држава, но на крајот доживеа пораз.

„Саркози се обиде да ја искористи Турција, но на крајот не заврши добро. Тие што се закачаат со Турција немаат среќен крај“, додаде Багис.

Изјавите на Багис се реакција на најавите дека Германија наредната недела може да го блокира продолжувањето на преговорите со Турција што беа прекинати во 2010 година.

Амбасадорите на ЕУ во четвртокот зад затворени врати не договорија отворање ново поглавје во преговорите со Турција поради воздржаноста на Германија и на Холандија.

Амбасадорите на ЕУ ќе се сретнат уште еднаш в понеделник во Луксембург и ако не можат да се договорат, истото прашање подоцна во денот ќе го разгледуваат и министрите за надворешни работи на ЕУ. Преговорите со Анкара треба да продолжат в среда.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“