03 Мај, 2024
0.0366

Турција и се закани на Холандија со „силен одговор и одмазда“

Објавено во: Балкан 12 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Холандија треба да очекува силен одговор на неприфќањето на турски министри изјави премиерот Бинали Јилдирим, цитиран од Associated Press.

Холандските власти ја нарекоа министерката за семејство и социјална политика на Турција Фатма Бетјул Сајан Каја „несакан странец“ и ја протераа од земјата, а таа се обиде да присуствува на митинг за поддршка на турскиот претседател во Ротердам.

Во изјавата турскиот премиер ги повика своите сонародници во европските земји да останат смирени. Тој ги повика да гласаат на референдумот закажан за 16 април, за промена на уставот. Според Јилдирим тоа ќе е најдобар одговор на провокациите од страна на европските држави.

Министерот за надворешни работи на Турција Чарушоглу вети десетократна одмазда на холандската влада. Според него „какви чекори и да преземат, ние ќе преземеме десеткратна акција. Не се плашиме, но тоа што тие го прават е навистина нечовечко, објавија турските агенции.

Министерот за надворешни работи истакна дека Владата на Холандија дејствува антиимигрантски и антимуслимански во поголема мера дури и од лидерот на крајнодесничарската „Партија на слободата“ Герт Вилдерс. За причините за тоа Чарушоглу истакна: „Бидејќи тие не сакаат стабилна, силна и слободна Турција“. Активностите на холандските власти провоцираат исламофобија и ќе останат во историјата како црна дамка, сметаат властите во Анкара.

Истовремено стана јасно дека Европската унија ќе започне  со намалување на финансирањето на програми кои се реализираат во рамките на преговорите за пристапување на Турција во ЕУ. Ова стана јасно од изјавата на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, цитиран од ДПА. Намалување на финансирањето ќе биде во области без особен напредок. Во периодот 2014-2020 година се предвидени над 4 милијарди евра за поддршка на Турција, од кои само 167 милиони евра се исплатени до моментов, повеќето средства се насочуваат за развој на граѓанското општество, образованието и науката.

Можеби ќе ве интересира

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот