Турција сака да тргне во офанзива со САД против ИСИС
Објавено во: Балкан 25 Септември, 2016
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вети дека ќе одобри ангажирање на армијата која заедно со САД и останатите сојузници можат да извршат офанзива во Рака, градот кој се смета за престолнина на ИСИС и од каде се кооридинираат сите терористички напади.
Единствен услов за Ердоган е при заедничката акција да не им се помага на Курдите кои се борат на северот на Сирија бидејќи сепаратизмот може да се пренесе и на турско тло каде веќе се судрени со Курдската работничка партија.
- Нашиот министер за надворешни работи и воените власти го разгледуваат заедно со САД прашањето за Рака. Ние заедно со нив ги споделивме нашите услови, истакна Ердоган.