03 Мај, 2024
0.0263

ТУРЦИТЕ ГО ОБОЖАВААТ: Каква туристичка сезона имаше Охрид?

Објавено во: Македонија 25 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Оваа летна туристичка сезона беше поуспешна за охриѓани од ланската, a турските туристи беа најбројни.

Бројот на посетители за месеците jуни и јули 2019 година изнесува 96.190, што е за 9.2 проценти зголемена посетеност оваа година во споредба со истиот период лани, информираат од Општина Охрид.

Вкупно остварените ноќевања за двата месеци од 2019 година се 407.991, што е
за 5.2 проценти раст во споредба со јуни и јули 2018 година.

Најголем број гости имало во Турција, а потоа следат Полска и  Холандија. Од Турција имало 15.646 посетители, од Полска 7.031 и од Холандија 6.222.

„Охрид е неверојатно место, со прекрасна природа, вкусна храна и многу пријатни луѓе. Ќе го паметам Свети Наум, тоа е прекрасно и магично место. Плажите и природата во Охрид се уникатни. Со задоволство би се вратила таму, го препорачувам со двете раце на сите“, вели Пета Манева, туристи од Бугарија. 

Општината преку низа проекти ќе се обиде да ја збогати туристичката понуда на градот. Со ова престојот на туристите во Охрид ќе биде попријатен и исполнет.

Во тек е изработката на новата Стратегија за развој на туризмот која ќе даде
нови насоки за напредок во оваа сфера, а планирана е изработка на Анализа на
економскиот импакт на туризмот. Со цел подигнување на квалитетот на туристичката инфраструктура, Општина Охрид пристапи кон обезбедување бесплатен интернет пристап на шест најпосетувани локации во
Општина Охрид. Исто така се пристапи кон подигнување на квалитетот на сигнализација на туристичките места преку поставување информативни табли на 82 туристички локалитети (културно - историски споменици) во градот. Постапката за поставување на таблите е започната и истата се одвива со одобрение од Министерството за култура. Исто така, во делот на подобрување на туристичката инфраструктура, општината ќе пристапи и кон подготвување на концепт проекти, со кои ќе се аплицира на сите достапни меѓународни програми и фондови за поддршка во оваа сфера“, велат од локалната самоуправа.

Во делот на организација на туристички настани, оваа година беа реализирани
манифестациите Гастро тура „Taste Ohrid“, „Охридска Софра“, „Денови на мед“,
„Вино и сирење“ и „Охрид крафт експо
“, додаваат од општината, но и неколку важни спортски настани.

„Oпштината ќе ги поддржи сите  нови и идни манифестации надвор од шпицот на летната сезона и кои значат промоција на алтернативен туризам“, велат од општината.

Настани ќе има и во текот на есента, па сѐ до Водици кога голем број туристи претежно од соседните земји доаѓаат за празникот.

Сања Атанасовска

фото Википедија

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник