ТУРИСТИ НА МЕТА НА ГРЧКА ПОЛИЦИЈА: Солена казна по џеб за камперите-посебно внимавајте на ова!
Објавено во: Балкан 24 Јуни, 2017
Во Грција казнуваат за поставување на шатори надвор од определените места за кампување. Зачестија и казните за пренесување на бензин и нафта во канти. Општинската полиција во Грција постојано го надгледува прекршувањето на туристите кои летуват на кампување.
Таму е забрането да се поставуваат шатори и приколки надвор од определените места за кампување . Казните варираат од 150 евра до три месеци затвор.
Многу туристи, претежно странци избираат пусто место, за да ги ограничат трошоците, но за тоа плаќаат високи казни.
Палење на оган е апсолутно забрането, а казните се неколку илјади евра. При оставање на отпад на патеката на кејот или дури во кампување - повторно парична казна до 300 евра.
Зачестија случаите на казнети туристи кои влегуваат претежно од Бугарија и Македонија кои пренесуваат во канти бензин и нафта. По граничните премини има полициски екипи кои проверуваат за присуството на горива во автомобилите.
Казната е во зависност од количината на увезеното гориво, но и се конфискува возилото. Внесување на дополнително гориво се толкува како нелегален шверц на акцизна стока и многу Бугари и Грци, кои полнат по пониска цена кај соседите, останаа без автомобили.