03 Мај, 2024
0.7302

Туристите се жалат: Хрватска е како убаво пакување на невкусни бомбони

Објавено во: Балкан 29 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Новинарите во Хрватска разговарале со руските туристи кои одморот го поминуваат во таа земја. Нивните впечатоци воглавно се сведуваат на тоа дека таа дестинација е прилично скапа.

Повеќето од нив се изјасниле дека Хрватска како туристичка дестинација во однос на претходните години се влошила.

Младата мајка Ана Јарош била повеќе пати во Хрватска, би можело да се рече дека била заљубена во неа, меѓутоа, во 2017 година се разочарала:

„Хрватска оваа година е како убаво пакување на невкусни бомбони. На фотографиите е се убаво, а во реалноста апартманите се ужасни, плажите пренатрупани, услугите во кафичите лоши. И се тоа би било во ред кога не би чинело како суво злато“.

„Меѓутоа, поради рамнотежа на доброто и злото во светот, треба да се додадат и плусови: како прво, кафето и коктелите во кафе баровите се вкусни, како второ на детето се му се допаѓа и како трето поради морето се исплатат сите проблеми.'

Полина Корољкова во Хрватска доаѓа секоја година, но смета дека таа земја станува преполна и со не баш чисти места.

„Токму затоа ги избегнуваме плажите во големите градови-не само во Хрватска, туку секаде. Во Хрватска не сум видела ни една нечиста бетонска плажа иако по брегот поминав неколку пати и бев на 15 острови“.

За Полина Хрватска не остава впечаток на земја која е поскапа од соседна Црна Гора, која по нејзино мислење е помалку чиста.

„Што се однесува до цените, цените на траектот, посебно ако сте со автомобил (наш случај), рсторани со висок квалитет, апартманите се со примерна цена, не се евтини, но се добри...“

Олег Брагин, програмер и татко на две мали деца, веќе по втор пат одмора во Хрватска. Оваа година го посетиле Мал Лошињ и отседнале во семеен хотел во кој постои услуга ол инклузив. Олег има уште една замерка.

„За мене, како програмер, е многу важен добриот интернет, но во хотелите постојат големи проблеми со интернетот“.

„Овде речиси никаде не постои класичен ол инклузив одмор на кој можете безгрижно да лежите цел ден на плажа додека ви донесуваат коктели можно е, но не во секој хотел ниту во секој град“, вели Марија Масловскаја, новинарка за магазин за туризам.

„Во Хрватска речиси да нема хотели со пет ѕвезди. Ако патувате долж брегот на островот Кос, Крф, по Турција или Елипет, ке наидете на бројни „петки“. Од друга страна, во Пореч нема ни еден: постојат неколку силни „четворки“ и многу „тројки“. 

Што појужно одите, толку поблиску сте до скапите одмаралишта во Сплит и Дубровник и бројот на петки се зголемува. Меѓутоа, таквите хотели чинат неколку пати поскапо отколку оние во Турција и Египет“, вели патникот и фотограф Кирил Блохин.

Можеби ќе ве интересира

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот