Турција: Британија излезе, да влеземе ние во ЕУ
Објавено во: Свет 25 Јуни, 2016
Турција сигурно и по секоја цена треба да стане членка на ЕУ, посочи министерот за евроинтеграции Омер Челик.
Резултатот од референдумот во Британија е главна тема за коментирање на социјалните мрежи во Турција. На Твитер и Фејсбук доминираат саркастични коментари. Премиерот Бинали Јилдирим потсети на изјавата на неговиот колега Дејвид Камерон дека Турција може да стане членка на ЕУ во 3 000 година.
„Европската унија треба да се откаже од политиката на изолација на другите земји од регионот. Ние сме цврсто за зајакнување на овој сојуз, од него зависи мирот на Европа и перспективите на граѓаните“ - вели Јилдирим.
Како што Камерон постави некакви рокови за нашето членство во ЕУ, така и британскиот народ сам му постави рок, додава Јилдирим.