Унгарија најави брза ратификација на приемот на Македонија во НАТО
Објавено во: Македонија 07 Февруари, 2019
Унгарија го поздрави потпишаниот пристапен Протокол за прием на Македонија во НАТО и најави брза негова ратификација од страна на тамошниот парламент.
„Ова претставува уште едeн значаен чекор во процесот на пристапување на Република Северна Македонија во Алијансата и придонесува за зајакнување на стабилноста и безбедноста не само на земјата, туку и на регионот на Западен Балкан, како и на евроатлантската заедница како целина“, се наведува во соопштението.на унгарската амбасада во Скопје.
Оттаму веруваат дека „Република Северна Македонија многу брзо ќе стане полноправна членка на Севрноатлантската алијанса“.
29 ополномоштени амбасадори вчера во седиштето на Алијансата во Брисел го потпишаа Протоколот за преим на Македонија, а истиот треба да биде ратификуван од сите земји членки, а најпрво од Грција до крајот на неделата.