Уште една црква во Турција станува џамија
Објавено во: Балкан 21 Август, 2020
По Аја Софија, уште една црква во Турција ќе биде претворена во џамија.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес издаде декрет за да ја претвори црквата Хора, една од најпознатите византиски згради во Истанбул, во џамија.
Ова се случува само еден месец откако познатата Аја Софија стана џамија.
Во декретот на Ердоган не се прецизира кога ќе се одржат првите муслимански молитви во Хора.
Во средновековната црква Светиот Спасител во Хора, изградена во близина на античките градски sидови на Цариград, има византиски мозаици од XIV век и фрески што прикажуваат сцени од библиски приказни, објави Ројтерс.
Тие беа покриени откако Османлиите го освоија градот во 1453 година, но беа повторно откриени кога – како Аја Софија – зградата беше претворена во музеј пред повеќе од 70 години.
Турскиот суд лани ја собори одлуката на владата од 1945 година да ја претвори Хора – позната како Карије на турски јазик – во музеј.
Денес, едиктот потпишан од Ердоган и објавен во службениот весник на Турција, вели дека управувањето со џамијата Карије е пренесено на администрацијата за верски прашања и дека џамијата е отворена за богослужба.