01 Мај, 2024
0.0279

ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19 ЌЕ НАИДЕ НА ОТПОР: Ставени сме на листата за дистрибуција, но ретко кој ќе сака да ја прима

Објавено во: Македонија 25 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Во очекување на развој и дистрибуција на вакцините против Ковид-19, дел од земјите веќе на големо најавуваат дека ќе ги набават уште пред Нова година за да ја започнат имунизацијата на своето население од смртоносниот вирус. Најгласна досега во нашиот регион е Србија, каде што претседателот Александар Вучиќ недели наназад најавува дека веќе е направен договор со една земја која ја развива вакцината и дека до истекот на 2020, одредено количество дози ќе пристигне во Србија. Но, според епидемиолозите кои ги консултираше Фактор, невозможно е за помалку од 5 месеци некој да ја добие вакцината и да почне со имунизација. Велат дека од Оксфордската вакцина, од која се најавени дури 2 милијарди дози, треба да добие и Македонија, но тоа никако нема да се случи до следната година.

-Ставени сме на листата на земји за да не го пропуштиме возот кога ќе се дистрибуира вакцината, односно да не биде предоцна, бидејќи кога ќе дојде во фаза на распределба низ светот сите ќе ја сакаат, а најмногу САД. Затоа ние се пријавивме на време, но се уште немаме конкретни информации колку дози би пристигнале во Македонија, се уште е многу рано за да зборуваме за тоа. Вакцината што ја развива Оксфорд треба допрва да ја помине третата фаза од тестирањето, во фармацијата најтешко се развива вакцина, процесот е долг и бара сеопфатен пристап бидејќи вакцините се аплицираат на здрави луѓе, и никако не смеат да имаат какви било несакани ефекти, вели директорот на Центарот за јавно здравје, д-р. Александар Стојанов, кој е специјалист епидемиолог и чија експертиза веќе 38 години е имунизација на населението.

И покрај тоа што за колективен имунитет потребно е да се вакцинира една третина од населението, д-р. Стојанов е скептик дека граѓаните ќе сакаат да се вакцинираат. Сè што е ново, особено кога станува збор за вакцините, како што појаснува, наидува на силен отпор од страна на населението.

-Моето лично мислење е дека вакцината против Ковид нема да биде добредојдена од страна на граѓаните. Ова го зборувам од долгогодишно искуство на пример со вакцините против сезонскиот грип. Тие, како што ќе биде случајот и со вакцината против Ковид-19, се наменети првенствено за здравствените работници и хроничните болни. Но, лани, од 5.000 вакцини против сезонски грип кои беа наменети за здравствените работници, потрошени се само 1.300 дози. Едноставно не сакаат да се вакцинираат. Што се однесува пак до вакцината против овој нов вирус, отпорот ќе биде уште поголем, потенцира д-р. Стојанов.

Инаку, светските експерти кои работат на вакцината против новиот корона вирус појаснуваат дека таа содржи обичен вирус на настинка, односно вакцината ChAdOx1 nCoV-19 е развиена од вирусот ChAdOx1, ослабена верзија на обичниот вирус на настинка-аденовирус што предизвикува инфекции кај шимпанзата. Оваа верзија е генетски модифицирана така што не може да се реплицира кај луѓето, така што не може да предизвика сериозни инфекции.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање