ВАКЦИНИТЕ ОД ЗАПАД ПРЕДИЗВИКУВААТ СТЕРИЛИТЕТ: Додик најави набавка на руската вакцина Спутник V
Објавено во: Балкан 13 Декември, 2020
Вакцините
против коронавирус развиени во
западните се проблематични и предизвикуваат стерилитет, велипретседателот
на Претседателството на БиХ,
Милорад Додик, нагласувајќи дека
тој ќе се вакцинира со руската вакцина.
- Верувам во ова, а не верувам во комерцијалните приказни што доаѓаат од Запад. Во Русија вакцината ја прави државата и ги вакцинира своите жители. Тоа значи дека треба да имате доверба. Постојат секакви шпекулации, како тие дека вакцините од Запад ќе влијаат на стерилитетот на населението и на многу други работи што не можете да ги знаете, изјави Додик за јавниот сервис РТРС.
Истовремено, Додик нагласи дека Република Српска ќе ја набави вакцината исклучиво од Русија, и покрај тоа што сеуште нема согласност од Агенцијата за лекови и медицински помагала на БиХ. Оваа негова изјава е непосредно пред посетата на шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, кој во Сараево треба да пристигне утре вечер.
ФОТО Фејсбук