27 Јуни, 2024
0.0262

„Ван Хол“ работи со полна пареа – извезени 100 автобуси во САД

Објавено во: Економија 19 Март, 2014

Добивај вести на Viber

Белгиската компанија за производство на автобуси „Ван Хол“ најавува дека има намера бизнисот во Бунарџик да го прошири со уште една производна лента. Компанијата веќе извезла 100 автобуси во САД од погонот во Македонија, а планира проширување и на европскиот пазар. „Во употреба се веќе три од четирите производни линии и работат со полн капацитет. Во втората половина од годинава во нашиот производен план ќе ги воведеме и моделите за европскиот пазар. Нашата интенција е во првата фаза да произведеме меѓу 400 до 500 возила годишно“, изјави Филип Ван Хол, сопственик и директор на компанијата. Тој денеска во Бунарџик ги прими вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за странски инвестиции Веле Самак кои отидоа да проверат како им оди работата на странските инвеститори. Во моментов во фабриката вработени се 430 лица. Компанијата активно соработува и со македонски фирми, на кои им го отвора патот и кон Европа. „Дел од компаниите кои доставуваат делови за Ван Хол во Бунарџик, ќе бидат користени како добавувачи и за нивната фабрика во Белгија, што значи дека ефектите за зголемување на производството како резултат на странските инвестиции веќе се чувствуваат“, вели Пешевски. Договори се склучени со „Унипласт“ од Струга за пластични делови и со „Актива“ од Штип кои за „Ван Хол“ изработуваат делови за шасии.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Утре на Влада ќе се разгледува информацијата за повисоки пензии

МИЦКОСКИ: Утре на Влада ќе се разгледува информацијата за повисоки пензии

Министерката Божиновска задоволна од незначителната промена на цената на струјата, најавува ревизија на работењето на АД ЕСМ

Министерката Божиновска задоволна од незначителната промена на цената на струјата, најавува ревизија на работењето на АД ЕСМ

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Малата политичка неизвесност ги разбуди европските берзи

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Малата политичка неизвесност ги разбуди европските берзи

ДВЕ СЕДМИЦИ ЦЕНАТА ПАЃАШЕ: Што се случува сега со цената на златото?

ДВЕ СЕДМИЦИ ЦЕНАТА ПАЃАШЕ: Што се случува сега со цената на златото?

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: Ребалансот се подготвува, предизвикот е голем, но ќе се справиме, пари за плати, пензии и се она што е преземено со закон ќе има

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: Ребалансот се подготвува, предизвикот е голем, но ќе се справиме, пари за плати, пензии и се она што е преземено со закон ќе има

Донесена одлука: Цената на струјата за домаќинствата зголемена за половина процент

Донесена одлука: Цената на струјата за домаќинствата зголемена за половина процент

ЕВЕ КАКОВ Е БАНКАРСКИОТ СИСТЕМ ВО ЗЕМЈАВА: НБРМ ја одржа редовната седница на Советот

ЕВЕ КАКОВ Е БАНКАРСКИОТ СИСТЕМ ВО ЗЕМЈАВА: НБРМ ја одржа редовната седница на Советот

Данска воведува данок на издувни гасови кај добитокот: Фармерите ќе плаќаат по 90 евра за крава

Данска воведува данок на издувни гасови кај добитокот: Фармерите ќе плаќаат по 90 евра за крава

Новите технологии се клуч на развојот на економијата

Новите технологии се клуч на развојот на економијата