02 Мај, 2024
0.0278

ВЕЧЕРВА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО! Ова се најновите метео детали

Објавено во: Македонија 15 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на денов и во текот на ноќта ќе продолжат врнежите од дожд кои ја зафатија нашата држава. Локално истите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ (околу 20 л/м2 воден талог). На планините ќе има врнежи од СНЕГ, посочува метеорологот Славчо Поповски.

Тој потенцира дека кон крајот на денов и вечерва поради продор на СТУДЕНА воздушна маса од север ќе започне да дува ЗАСИЛЕН, повремено СИЛЕН ветер од северен правец ( Долж Повардарието повремено и локално ќе достигнува брзина од над 70 км/час). 

Температурите ЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат и врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на надморска височина од околу, локално и под 1000 метри.

На планините и тоа особено на запад и на северозапад ќе се формира снежна покривка од околу 20 см, додека помала снежна покривка ќе се формира и на местата со надморска височина од околу 1000, локално и под 1000 метри (до околу 10 см). Во текот на ноќта која што ни следува, како и утре локално провејување на снег ќе има понекаде и на пониските места (градовите), особено во северните и во западните предели.

- Од петок, па за време на викендот следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури кој речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата (се очекува појава на мраз). Максималните температури особено за викендот ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН и БРЗ пораст, па сево ова негативно ќе влијае врз метеопатите, каде се можни ЗНАЧИТЕЛНИ здравствени проблеми, па најдобро истите да се обратат кај својот матичен лекар за совет, но и редовно да ја земаат препишаната терапија од истиот.

Инаку утре ќе биде релативно ЗИМСКИ ден со потпросечни температури на воздухот и истите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 3 и 10 степени, но поради СИЛНИОТ ветер кој се очекува температурите ќе се чувствуваат како да се пониски од реално измерените - укажува Поповски.

Во Скопје и околината очекуваме слично време, со врнежи од дожд до крајот на денешниот ден а ќе започне да дува и ЗАСИЛЕН северен ветер кој ќе услови ЗНАЧИТЕЛНО намалување на температурите.

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање