Веќе 53% од Британците сакаат излез од ЕУ
Објавено во: Свет 17 Јуни, 2016
Само 17% веруваат дека брегзит ќе им наштети на домаќинствата.
Студијата покажува дека кампањата за излегување на Велика Британија од Европската унија покажува значителен напредок, пишува Independent.
Истражувањето направено за весникот Evening Standard, покажува дека за напуштање на ЕУ би гласале 53%, додека за останување - 47% од жителите на земјата.
Истражувањето се спроведуваше една недела пред денот на референдумот.
Само 17% веруваат на Џорџ Озборн дека брегзит ќе наштети на домаќинствата, додека 47% го прифаќаат тврдењето на кампањата за напуштање дека Велика Британија плаќа 350 милиони фунти секоја недела на ЕУ.