28 Април, 2024
0.0282

Велес го доби својот 12ти Жито Маркет

Објавено во: Мои пари 30 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Жито Маркети го отвори својот 12ти маркет во Велес, а 52ри во Македонија. Новиот маркет се наоѓа на улица Даме Андреев (Ронката) бр. 8, распространет на површина од 200 метри квадратни со тим од 8 вработени на две наплатни каси.

„Велес е градот каде ја започнавме нашата успешна приказна и каде граѓаните веќе не познаваат и ни укажуваат голема доверба и внимание. Радосни сме што нашата професионална услуга и популарната ценовна политика што ја нудиме ќе биде позастапена и пораспространета во Велес. Задоволувањето на потребите и барањата на сите купувачи се наш приоритет, а тоа ќе им го овозможиме преку професионална услуга, квалитетни производи и достапни цени“, изјави Далибор Ѓошевски, генералниот извршен директор на Жито Маркети.

Отворањето на маркетот беше одбележано и со голем број промоции и попусти, дегустација на многу нови и популарни производи, како и продажни акции и пријатни изненадувања. Дополнителни бенефити имаше и за сите оние што ја имаат и што аплицираа за лојалната картичка „Навика да добивам повеќе“.

Новиот маркет ќе биде отворен седум дена во неделата, со работно време од 07,00 часот до 21,00 часот од понеделник до сабота, додека во недела, ќе биде отворен од 08,00 часот до 14,00 часот.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг