02 Мај, 2024
0.0271

(ВИДЕО) 20 Километри во висина: Научниците прават лифт со кој ќе одиме во вселената!

Објавено во: Стил 18 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Кревање на структура долга 20 километри на небото звучи како приказна од Стариот Завет или научно фантастичен роман, но канадската фирма која се занимава со изучување на вселената предложила токму таков патент за да ги намали трошоците за истражување на вселената.

Atmosfera

Минатиот месец на Тот технологијата е одобрен патент за „вселенски лифт“ кој би бил повеќе од 20 пати повисок од 892 метри високиот Бурџ Калифа во Дубаи, инаку највисоката зграда во светот. Висината на овој патент би била надвор од границите на „Армстронг“ , точката каде телесната течност почнува да врие поради нискиот воздушен притисок.

„Вселенскиот лифт“ има сегментарна структура на јадро , а секој сегмент формира најмалку една ќелија на пневматски притисок. Ќелиите на притисокот можат да бидат исполнети со воздух или друг гас.

Компанијата смета дека би било поефикасно да се покренат вселенски бродови од стратосферата поради намалемната потрошувачка на горива. Истражувачите предлагаат платформата на врвот да се користи како отскокна даска, што би можело да ги намали трошоците на вселенските летови.

Lift-do-neba-2

Научниците, пак сметаат дека лифтот може да се употребува за научни истражувања, вселенски туризам и проучување на движењето на енергијата на ветерот.

И покрај фактот дека приказната за Тот технологијата звучи како приказна од фантазиски научно-фантастичен филм, оваа идеја е пореална од претходната од овој вид.

Идејата за вселенски лифт прв ја предложи рускиот научник Константин Тсиловски во доцниот 20 ти век.

Погледнете го видеото:

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/SNlAFA0mu7M[/embed]