12 Мај, 2024
0.0224

(ВИДЕО) „Apple Watch“ не работи добро со тетовирани раце

Објавено во: Стил 03 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Ако зглобот ви е тетовиран и размислувате за купување на „Apple Watch“, тогаш е подобро да ја преиспитате својата одлука. Изгледа дека уредот не работи добро, кога е ставен врз тетовирана кожа и тоа се разбра неколку дена по официјалниот почеток на продажбата на овој гаџет.

Многу корисници на „Reddit“, „Twitter“ и други социјални мрежи се жалат дека часовникот губи врска и покажува погрешни податоци за пулсот, кога е ставен над темна тетоважа. Ова може да се покаже многу досадно, бидејќи уредот бара воведување на PIN кога ќе помисли дека не се наоѓа на раката. Кај светлите тетоважи проблемите се помали, а причината за тоа се крие во сензорите на саатот.

„Apple“ предупредува на својот сајт дека кај мал дел од луѓето уредот не го зема предвид пулсот како што треба и во одредени случаи не може да измерат никакви вредности. Ова сепак е недостаток од кој страдаат повеќето уреди со оптички сензор за пулс. „Apple Watch“ користи комбинација од зелен LED извор на светлина и чувствителен е на светлосни фотодиоди.

Крвта ја апсорбира зелената боја и степенот на апсорпција зависи од поминувањето низ количината на крвните садови. Значи кога се спортува тоа е поголемо, а освен тоа се намалува помеѓу ударите на срцето и до диоди достигнува помалку светлина. Затоа и пигментите на тетоважите може да ја попречат значително точноста на известување на пулсот.

Во меѓувреме компанијата ги промени информациите на нивниот сајт и во неа се наведува дека тетоважите како фактор кој влијае врз работата на „Watch“ и дури советуваат за најтоен резултат да се користи надворешниот сензор за мерење на пулсот.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/3K-16OIjnYA[/embed]