(ВИДЕО) ДРАМА ВО НОЌЕН КЛУБ: Под ги „голтна“ луѓето
Објавено во: Свет 26 Ноември, 2017
Во ноќен клуб во Тенерифе, Шпанија се сруши подот при што луѓето паднаа во подрумот.
Властите соопштија дека 22 лица се повредени.
Инцидентот се случил синоќа, а формирана е дупка од четири квадратни метри.
Двајца повредени поминале со потешки повреди.
Освен Шпанци, повредени се двајца Французи, една белгиска државјанка и еден романски државјанин.