29 Април, 2024
0.0251

(ВИДЕО-ФОТО) ОТИШОЛ ДА ЖИВЕЕ НА ДРВО: Ја оставил работата и си направил рај во природата!

Објавено во: Стил 17 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Нујорчанецот Фостер Хантингтон, во 2011 година ја напуштил добро платената работа во модната индустрија и одлучил својот сон да го оствари и си направил куќа на дрво.

11188332_805937767245_1136098066728580150_n

„Работев во модната индустрија а тогаш во еден момент сфатив дека мене модата не ме интересира. Одлучив да го променам животот од корен, решив да си го остварам сонот и да ги изградам куќа на дрво“, раскажал Хантингтон кој три месеци после напуштањето на работата живеел во комби за да заштеди колку што може повеќе пари за изградбата на куќа.

Куќата почнал да ја гради во 2014 година на својот семеен имот во Вашингтон.

11150877_807797545235_8103355513867937305_n

„Немавме никаков план, го повикав другарот кој е столар, ние двајца градевме две куќички, идејата беше да се поврзат со мост и тоа е се што знаевме во почетокот“, раскажал Хантингтон.

11261707_807950753205_6657458806856219123_n

Трудот на крај се исплати бидејќи Хантингтон на крај добил две луксузни куќички на дрво, во една спие додека другата му служи како студио за фотографирање. Во куќата во која спие има и џакузи додека во дворот си направил приватен сјект парк.

12376215_970088819692893_6187562323301987592_n

„Можев едноставно да купам куќа, но не сакав. Го остварив својот сон од детството“, рекол Хантингтон.

  [embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/YOwjaXkWqa4[/embed]

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти