02 Мај, 2024
0.0251

(ВИДЕО-ФОТО) СВАДБА НА ВЕКОТ: Вака изгледа кога светскиот фудбалер Меси ја жени љубовта од детството

Објавено во: Стил 01 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Славните личности се собраа на едно место како би го прославиле стапувањето во брак на фудбалерот Лионел Меси и неговата долгогодишна девојка Антонела Рокузо.

Фудбалерот Лионел Меси решил да ја ожени својата љубов од детството, Антонела Рокузо, со која има две деца.

Гламурозната венчавка е одржана во еден луксузен хотел во Розарио, каде се собрале бројни познати личности.

Освен потесното семејство, сосема очекувано најрадосни биле соиграчите на Меси Луис Суарез, Нејмар и Жерар Пике со сопругата Шакира, додека Кристијано Роналдо го пропуштил славењето поради раѓањето на близнаците.

Нивната свадба аргентинските медуми ја прогласија за свадба на векот.

Тоа и не чуди, бидејќи овој настан го обезбедуваат стотици полицајци, обезбедувањето во хотелот а акредитирани се и 150 новинари, кои ја следеле свадбата од минута во минута.

Освен тоа, светот го воодушеви фактот дека Меси ги замолил гостите да не донесуваат подароци, туку да, ако можат, парите ги уплатат на сметка на неговата организација за помош на деца.

Фудбалерот со широки раце и длабок џеб обезбедил ноќевање за сите гости на венчавката во луксузниот хотел Пулман, каде ноќ чини минимум 125 долари, со гаранција на целосна безбедност и дискреција, бидејќи хотелот според желбата на Меси, на денот и после венчавката ќе биде затворен за јавноста.


Да потсетиме, Меси и Антонела се знаат од 13 години, а останале во контакт кога фудбалерот отишол во Шпанија да тренира во Барселона, а романтичната врска ја почнале кон крајот на 2000та.