(ВИДЕО) Грци полнат автобуси за протест
Објавено во: Балкан 17 Јуни, 2018
Грчките медиуми пренесуваат дека грчки граѓани кои не се согласуваат со договорот за името помеѓу Македонија и Грција, одат организирано со автобуси во Нивици. Нивниот протест е најавен пред неколку дена.
Денеска, со почеток во 9.40 по македонско или 10.40 часот по грчко време во преспанското село Нивици или Псаридис, (на грчки), ќе започне цермонијата на потпишување на договорот помеѓу Македонија и Грција.