(ВИДЕО) Груби му дава знак на спикерот, Зекири бара Џафери и ДУИ да објаснат зошто го спасија Трајко
Објавено во: Македонија 25 Февруари, 2019
Седницата на која денеска треба да продолжи расправата за имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски е одложена. Собранието само соопшти без да каже зошто и што е причината.
Се одложи и седницата на која требаше да се расправа за интерпелацијата на минисерот Оливер Спасовски.
Имунитетот на Трајко предизвика големи реакции во јавноста. Денеска пратеникот Мухамед Зекири од СДСМ побара објаснување од спикерот Џафери зошто го спасиле Трајко.
„Талат Џафери и ДУИ треба да објаснат на јавноста зошто го спасија нивниот побратим Трајко Вељановски?!!!...
Го СПАСИЈА за да ги “СПАСИ” некогаш ВМРО нив или ...???...
Народот вели: “ Во секое ЗЛО за добро” ... Јавноста упте еднаш го виде вистинското лице на оваа политичка партија.
И пророкот Мухамед во една негова изрека има кажано: “Ако не се срамиш, прави што сакаш”.
П.С
ДУИ 2014 = 153.000
ДУИ 2016 = 86.000
ДУИ 2019 = ...“, мапиша Зекири на Фејсбук.
Дел од медиумите пак пренесуваат дека по добиената сигнализација од страна на пратеникот Артан Груби синоќа Џафери ја прекинал седницата.
Ова го поткрепуваат со видео кое го објави ТВ21 а на кое се гледа дека Груби му дава знак на спикерот да ја прекине седницата по што токму тоа и се случува.