(ВИДЕО) Како изгледа Приедор по поплавите?
Објавено во: Балкан 16 Мај, 2019
Во Приедор во БиХ по поплавите погодени се 1.350 домаќинства, поплавени се 400 куќи, се појавија 6 свлечишта, а уништен е и еден мост.
Градоначалникот Миленко Ѓаковиќ вели дека дополнително ќе се утврди колкави инфраструктурни оштетувања има.
Водостојот на реката Сана беше 446 цм, или 50 цм помалку од претпладнето.
Во населбата Рашковац од утрово немаат струја.