Видео: Која е Хоуп Хикс - Дамата без која Трамп не може
Објавено во: Свет 05 Март, 2017
Тимот на Доналд Трамп за односи со јавност има неколку фронтмени меѓу кои Келиен Конвен која ја водеше предизборната кампања, како и контроверзниот и нервозен портпарол Шон Спајсер во Белата куќа, но без една личност новиот американски претседател не може, а таа е младата Хоуп Хикс која сега го води тимот за стратешки комуникации.
Хикс е млада дама која била ангажирана од Иванка, ќерката на Трамп за нејзината модна линија, а потоа е ангажирана во ПР тимот на новиот американски претседател и е советник кој досега најдолго време му служел. Таа ги води комуникациите од позадина и ретко дава изјави за медиумите, но нејзините стратегии даваат резултати особено на социјалните мрежи каде Трамп има најмногу следбеници.
Поради големиот успех во водењето на кампањата, Хоуп се најде на листата на 30 највлијателни луѓе помлади од 30 години. Блиските соработници на Доналд Трамп велат дека тој има целосна доверба во Хоуп, а кога го прашуваат за неа, користи само два збора – природна и извонредна.