(ВИДЕО) КРВАВ ДЕН ВО ЛОНДОН: Ранети луѓе во повеќе напади со нож
Објавено во: Свет 06 Април, 2018
Шест лица се ранети во пет одвоени напади со нож синоќа во Лондон, пренесуваат британските медиуми.
Момче на возраст од 13 години е една од жртвите, а за овој напад се уапсени три помлади лица, информираше полицијата.
Претходно е уапсен маж под сомневање дека се обидел да убие три момчиња во истиот крај на Лондон. Двајцата 15-годишници се во сериозна, но стабилна состојба.
Уапсен е и 16-годишник, кој самиот се повредил, а неколку часа подоцна во болница во западниот дел на Лондон е примен тинејџер со повреди нанесени со нож.
Првиот инцидент таа вечер се случи околу 17.30 часот кога е избоден 15-годишник.
Петтиот напад е регистриран во јужниот дел на градот, кога маж од 40-тина години е повреден со нож.
Инцидентите се случија на денот кога демонстранти и лидери на заедницата се собраа во источен Лондон за да го изразат незадоволството поради зголемувањето на насилството во престолнината, во која веќе страдаа неколку тинејџери.