29 Април, 2024
0.0239

(ВИДЕО) Microsoft престави два пати побрз лаптоп од MacBook Pro

Објавено во: Стил 07 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Најинтересно што можевме да видиме на настанот на „Microsoft“ од Њујорк, беше првиот лаптоп кој компанијата сама го има произведено - „Surface Book“.

„Microsoft Surface Book“ е тоа што потпретседателот на компанијата Панос го нарекува „најдобар лаптоп на светот“.

Екранот е 13,5 инчи, со густина на пикселите 267 ppi. Вкупно на екранот се достапни 6 милиони пиксели што според Панос е повеќе од секој друг лаптоп со оваа големина. Тука е технологијата „PixelSense“, а форматот на екранот е ист како на лист хартија А4 што од „Microsoft“ го истакнуваат како предност, кога треба да се работи со текст. Дебелината на самостојниот дел со екранот е само 7,7 милиметри.

Во внатрешноста на „Surface Book“ ќе најдете 16GB RAM и 1TB внатрешна меморија, овој пат графичката е „NVIDIA GeForce“. Процесорот е „Intel Core i7“, овозможувајќи дури играње на сериозни 3D игри од рангот на „Gears of War“. Траење на батеријата е цели 12 часа.

Од „Microsoft“ нагласуваат дека разликата помеѓу „Surface Book“ и некои производи на „Apple“ според компанијата, новиот уред е цели два пати побрз од „MacBook Pro“.

Интересно е дека екранот на „Surface Book“ може да биде изваден од тастатурата и да биде користен како таблет. Вистинската моќ сепак се крие, кога се двете се заедно, бидејќи графичката се наоѓа веднаш под тастатурата.

Претстои како „Microsoft Surface Book“ ќе се соочи на пазарот и дали ќе се покаже дека навистина компанијата е онаа која „ги пресоздава новите технологии“, како што се изразија на сцената на настанот. За тоа голема улога ќе игра и пристапноста на лаптопот. Тој може да се нарача уште од денес, а во продавниците ќе се појави заедно со останатите производи на „Microsoft“ од 26 октомври. Цената почнува од 1499 долари.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/XVfOe5mFbAE[/embed]

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти