ВИДЕО: Мигрантите на Хиос кршеа и палеа
Објавено во: Балкан 17 Ноември, 2016
Од синоќа до раните утрински часови нереди имаше на грчкиот остров Хиос.
Мигрантите го запалиле центарот за привремено сместување, кршеле излози, превртувале автомобили, фрлале молотови коктели на куќи на локалните жители, мавале со камења по луѓето.
За враќање на редот беше повикана специјалната полициска единица . Во Грција останаа 60 000 мигранти по затворањето на Балканскиот пат, и тие очекуваат да се дефинира нивниот статус. На островите во Егејското Море има 16 000 мигранти, а по локалните центри можат да се сместат само половина.