02 Мај, 2024
0.0328

(ВИДЕО) Официјално мандатот во раце на Заев-на повидок Влада

Објавено во: Македонија 17 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

И официјално претседателот Иванов му го врачи мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Идниот мандатар сега ќе се обиде да состави влада со партиите од парламентарното мнозинство.


Заев ја прочита гаранцијата која му е дадена на претседателот Иванов и е потпишана од Заев.

Гарантирано е дека просецот на носење одлуки ќе биде согласно со Уставот, законите и владеењето на правото.

„Во име на парламентарното мнозинство ја давам следнава изјава:

Прво, гарантираме заштита на унитарноста, суверенитетот, територијалниот интегритет, независноста и мултиетничноста на РМ. 

Гарантираме заштита на Уставниот поредок и територијалната целина на РМ. Гарантираме заштита на државните интереси и унапредување на животот на сите граѓани без оглед на етничката, религиската и јазичната припадност. Гарантираме дека процесот на носење на одлуките за граѓаните на Македонија ќе биде во согласност со основните демократски принципи и владеење на правото, недоведувајќи ја РМ во положба на потчинетост или зависност спрема друга држава. Ниту еден документ, платформа, декларација, акт или дејствие кои би биле спротивни на погоренаведените ставови не може да бидат услов ниту основа за формирање или дејствување на Владата на РМ“, изјави Заев во моментов на доделување на мандатот за формирање на влада од претседателот Иванов.

Сега на Заев му остануваат 20 дена да ја формира Владата, а од она што претходно беше кажано можно е тие 20 дена целосно да не бидат искористени туку новата влада да биде формирана многу порано од законските денови.

Потоа следува избор во Собранието.

Мандатот Заев го доби откако Иванов побара гаранции за зачувување на државата.

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање