(ВИДЕО) Ова е црниот биланс од нападот во Египет
Објавено во: Свет 25 Ноември, 2017
Во нападот со пушки и бомби во џамија во Синај во Египет загинаа најмалку 305 лица, а беа повредени повеќе од 100.
Ова е најкрвавиот напад во египетската историја.
Напаѓачите на џамијата ал-Равда во египетски Синај носеле знамиња на „Исламска држава“, објави новинската агенција Ахрам, цитирајќи ја канцеларијата на јавниот обвинител. Тие велат дека имало околу 25-30 милитанти.
Веднаш до џамијата била активирана експлозивна направа, а откако луѓето почнале да бегаат, почнало пукањето. Вооружените напаѓачи излегле од четири теренски возила.
На одделни фотографии и снимки се гледа џамијата од која излегува чад по експлозијата, а објавени се и снимки од стотиците жртви во верскиот објект.