(ВИДЕО) Плажата во Грција која буди воодушевување, но и страв
Објавено во: Балкан 01 Јуни, 2017
Плажата Ситан Лимани се наоѓа 20 километри североисточно до градот Ханје на Крит, поточно близу до аеродромот.
Насред дивата плажа не може ни да се очекува ништо помалу од убавината која остава без здив. Малата плажа со неверојатна тиркизна боја на морето е позната по својата егзотичност, но и тежок пристап.
Затоа, и ја „бие глас“ дека е опасна, што не чуди кога на прв поглед ќе ги здогледате карпите кои, додуша, фрлаат сенка и единствени прават природен лад. Многумина сепак, и покрај нејзината убавина не се осудуваат да и пријдат бидејќи за тоа е потребно барем основно знаење на планинарење.
До плажа може да се стигне со автобус кој оди еднаш дневно, како и со автомобил и велосипед.
Ако се одлучите за оваа авантура, не заборавајте да понесете храна и пијалок бидејќи во близина на плажата нема ниту еден малопродажен објект.
Погледнете ја оваа критска плажа: