Видео: Престолнината на Исламска држава е пред колапс
Објавено во: Свет 09 Јули, 2017
CNN е првиот западен медиум кој успеа да влезе во градот Рака кој се смета за престолнина на џихадистичката терористичка организација Исламска држава откако започна силната офанзива на сириските демократски сили поддржани од американски специјалци на терен заедно со воздушна поддршка.
Во офанзивата исто така учествуваат курдски и арапски борци, сите со свои мотиви да им стават крај на џихадистите во Рака кои со години вршеа невидени злосторства како врз цивилното население, така и врз хуманитарци и новинари.
Се смета дека ИД контролира територија од неколку километри во Рака, додека пак сириските здружени сили веќе завземаат контрола во стариот дел на градот, подготвувајќи се за последниот удар. Сепак, голем број на борци на ИД го напуштиле градот знаејќи дека се подготвува силна офанзива, а меѓу нив се и врвни команданти, па така борбата со џихадистите во Сирија ќе продолжи.