21 Февруари, 2020
0.0213

(ВИДЕО) СЦЕНИ КАКО ОД АМЕРИКАНСКИ ФИЛМ: Сведоци за ликвидацијата на црногорскиот клан во Атина

Објавено во: Балкан 20 Јануари, 2020

Ден по свирепото убиство на двајцата водачи на така наречениот Шкаљарски клан од Котор, Стефан Стаматовиќ и Игор Дедовиќ во Атина, кафеаната „Воскопула“ пред која се ликвидирани е пуста. На стаклата на овој угостителски објекти може да се видат дупките од куршумите.


Единствените присутни пред кафеаната се новинарите кои прават репортажи за убиството кое одекна во медиумите на Грција, Србија и Црна Гора.

Двајцат водачи, Стаматовиќ и Дедовиќ  се ликвидирани синоќа околу 19 часот пред кафеаната каде што биле со семејствата. На пукањето биле присутни и децата.

Нападот е извршен за смао 30 секунди. Извршителите на кривичните дела брзо го напуштиле местото на злосторството и за сега им се губи секаква трага. Убиените водачи пак на Шкаљарски клан како што пишуваат медиумите од регионот биле во бегство.

ПУКАЊЕ КАКО НА ФИЛМ

Сведоците на пукањето раскажале за грчките медиуми дека сцените биле како во „американски филм“.

-Она што го доживеавме беше како во американските филмови. Одненадеж двајц амажи влегоа и почна пукањето. Рафалите беа незапирливи. Нивните деца врескаа. Еден од нив падна мртов од столицата-раскажал еден од очевидците за порталот Вима.

Порталот наведува дека во нападот учествувале четворица мажи, тројца помалди и еден околу 45 години. 


Тие според изјавите на сведоците, избегале со џип а полицијата трага за нив.

Атинската полиција истражува две можни сценарија: мафијашка пресметка и нарачано убиство.

Според официјални информации на Црна Гора, И.Д. бил осомничен како соучесник за обид за убиство на двајца Которци, заедно со Јовам Вукотиќ, шеф на Шкаљарски клан, кој е во притвор во Белград каде чека испорачување на Црна Гора.

Од друга страна црногорски Вијести пишуваат дека се смета оти убиените се ликвидирани во продолжение на пресметка меѓу црногорски криминални кланови кое трае од крајот на 2014.


Можеби ќе ве интересира

ИНИЦИЈАТИВА ЗА РЕФЕРЕНДУМ: Ова би значело излез на Бугарија од ЕУ?

ИНИЦИЈАТИВА ЗА РЕФЕРЕНДУМ: Ова би значело излез на Бугарија од ЕУ?

ВЛАДАТА ВО СОФИЈА ОДВОИ ПАРИ: Ќе има и за граѓански организации со бугарска самосвест во Македонија

ВЛАДАТА ВО СОФИЈА ОДВОИ ПАРИ: Ќе има и за граѓански организации со бугарска самосвест во Македонија

По платите, пораснаа и пензиите во Словенија

По платите, пораснаа и пензиите во Словенија

СЕ СТРЕСЕ ТУРЦИЈА: Силен земјотрес близу Измир

СЕ СТРЕСЕ ТУРЦИЈА: Силен земјотрес близу Измир

(ВИДЕО) Рама до невработени млади во кафуле: Што седите, ајде да градите!

(ВИДЕО) Рама до невработени млади во кафуле: Што седите, ајде да градите!

Србија донираше два милиони евра за Албанија

Србија донираше два милиони евра за Албанија

ГО ДРЖЕЛА ЗА РАЦЕ ВО ВОЗДУХ 15 МИНУТИ - како турската скијачка го спаси младото момче

ГО ДРЖЕЛА ЗА РАЦЕ ВО ВОЗДУХ 15 МИНУТИ - како турската скијачка го спаси младото момче

(ФОТО) СЕ СЛАВИ ДЕНОТ НА ДРЖАВНОСТА: Вучиќ сам ги служи гостите, а меѓу нив е и Саша Богдановиќ

(ФОТО) СЕ СЛАВИ ДЕНОТ НА ДРЖАВНОСТА: Вучиќ сам ги служи гостите, а меѓу нив е и Саша Богдановиќ

ЗА ИСЛАМСКА ДРЖАВА ВОЈУВАЛЕ 1.200 БАЛКАНЦИ: Сега сакаат да се вратат дома?

ЗА ИСЛАМСКА ДРЖАВА ВОЈУВАЛЕ 1.200 БАЛКАНЦИ: Сега сакаат да се вратат дома?