(ВИДЕО) Силно невреме ја зафати Хрватска
Објавено во: Балкан 24 Јули, 2020
Силно невреме ја зафати Хрватска.
Погоден е северен Јадран, објави Далмација Данас.
При доаѓањето на бурата над Кварнер, имало силни удари на ветер, објави Индекс.хр.
Посебно силно невреме го погодило Сењ, каде се поплавени улиците.
По доаѓањето на невремето, температурите на воздухот паднале за повеќе од 10 степени.
Претходно, беше најавен црвен метео аларм.
Во мај Загреб беше погоден од силно невреме. И во Македонија викендов ќе има невреме и дождови.