(ВИДЕО) Снајперист ја остави Венецуела во мрак
Објавено во: Свет 28 Март, 2019
Снајпер ја оставил цела Венецуела без струја.
Нападот на хидроелектраната Ел Гури, најголема во Венецуела, го извел снајперист кој користел пушка со голем дострел. Ова го соопшти претседателот Николас Мадуро.
Тој додал дека во наредните часови очекува добри вести за обновата на снабдувањето со електрична енергија, иако предизвиканата штета е оценета како многу сериозна. Мадуро ги повикал граѓаните да останат мирни и да не паничат.
Во понеделникот, во Венецуела имало масовно замрачување: најмалку 16 од 23 држави, како и градското подрачје на Каракас, биле во мрак. Каракас соопштил дека причина за вонредната состојба е организиран американски напад на хидроелектраната Ел Гури.