(ВИДЕО) Со јајца и брашно го маваа Еди Рама
Објавено во: Балкан 12 Април, 2018
Пратеници денеска на седница го гаѓаа албанскиот премиер Еди Рама со брашно и јајца поради апсењата на лицата кои протестираа против воведувањето патарини на автопатот меѓу Косово и Албанија.
Седницата неколку пати беше прекината.
По инцидентот мораше да реагира и обезбедувањето, кое отстрани од салата неколку пратеници од редовите на опозицијата, јавија албанските медиуми.
Во инцидентот вклучен е и министерот за надворешни работи, Дитмир Бушати, кој фрли со брашно кон пратениците на опозицијата, откако тие почнаа да фрлаат со пластични шишиња.По насилните протести на 31 – ви март, кога стотици граѓани револтирани од одлуката на владата за плаќање патарина на „Патот на Нацијата“ ги уништија наплатните пунктови, албанскиот суд изрече мерка притвор поради наводи за уништување на јавна сопственост и противење на органите на редот. 11 од 23 –те приведени добија притвор, додека за другите судот изрече домашен притвор.