(ВИДЕО) Туристички авион се урна во Португалија, има загинати
Објавено во: Свет 17 Април, 2017
Лесномоторен патнички авион се урнал во населен регион во близина на главниот град на Португалија - Лисабон, пренесува Reuters. Леталото патувало кон Марсеј.
Загинал пилотот на авионот, тројца патници и еден човек на земјата. Меѓу жртвите има тројца Французи и Швајцарец. Повредени се тројца клиенти на супермаркетот.
Инцидентот се случил набргу по полетувањето на авионот од малиот аеродром „Тиреш“, лоциран на 20 километри од португалската престолнина крај одморалиштето „Кашкаи“.
Леталото падналоа до супермаркет, како последица на што се запалил паркиран камион.
Причината за несреќата не е позната. На место на инцидентот има над 50 пожарникари.