07 Мај, 2024
0.1262

(ВИДЕО) Во оваа пештера се наоѓа нешто најубаво на светот!

Објавено во: Стил 28 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Во длабочините на пештерата „Поко азул“ во националниот парк „Чапада дијамантина“ во Бразил, се наоѓа скриено езеро кое е толку бистро, што на светлина речиси и не се гледа.

Кога светлоста се пробие низ пукнатините на пештерата, водата станува толку проѕирна што со сигурност може да се каже дека се завршува пештерата, а каде почнува езерото. Едно е сигурно: ова е глетка која навистина го одзема здивот.

Фотографот Марсио Дуранк (40) ја наслика неверојатната проѕирност на оваа 16 метри длабока подземна пештера која ја откриле копачите на злато во 1920 година.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/d95b-3PgaIU[/embed]

Овој плав „базен“  со топла вода од 23 степени во текот на цела година е вистинска атракција за туристите кои имаат прилика и да пливаат во него.

-Кога пливате, нуркате или лебдите во ова езеро, се чуствувате како да летате, како да не сте на оваа планета. Дозволено е влегување исклучиво во мали групи, за да се зачува убавината на оваа пештера - раскажува Марсио.

Оваа пештера се наоѓа во близина на реката Парагуасо, а во неа во 1990 година е пронајден скелет од огромен мрзливец од пет тони кој изумрел пред 11 000 години.