08 Мај, 2024
0.0229

(ВИДЕО) Запрепастувачки навики: Запознајте го парот кој е опседнат со штедење

Објавено во: Стил 20 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Интересно, смешно, оправдано или неоправдано. Животот на овие двајца луѓе дигна огромнa фама. Кога сценаристите на ТВ каналот "TLC", кој е познат по потрагата на луѓе со најбизарните стилови на живот, посакале да снимат ријалити шоу за најштедливите луѓе, сигурно не сонувале дека ќе наидат на џекпот.

Нивниот ден изгледа вака: 

Наутро стануваат заедно и заедно се тушираат. Секако дека тоа не го прават од романитични причини, туку бидејќи штедат вода. За туширање имаат точно две минути и ниту секунда повеќе. Кога жената се мие со шампон, великодушно ја дели пената со сопругот.

"На тој начин шампонот ни трае осум месеци", презадоволно изјавуваат.

После тоа, го делат конецот за заби, четката за заби, па дури и чепкалките за уши - жената ја користи едната страна, а сопругот другата.

Тоа не се единствените мерки за штедење, секако иако се во брак имаат одделни сметки и внимаваат кој повеќе од нив ќе потроши, бидејќи тој додава пари за сметките.

Па, тие си легнуваат во 22 часот. Зошто?

"Оној кој ќе остане подолго буден и се разбуди пред седум часот, автоматски троши повеќе струја и вода", вели жената. Таа додава дека секој пат кога ќе пуштат вода во тоалетот, мора да испишат една црта, па оној кој ќе има повеќе цртички, значи дека потрошил повеќе вода и ќе мора да даде повеќе пари.

Храната ја чуваат одвоено, пакет со јајца го означуваат со своите иницијали и не смеат да го јадат туѓото. Ако некој сака да јаде од туѓата храна, ќе мора да плати.

Тие се толку опседнати со штедење што дури планираат да заштедат и на сопствените погреби, односно веќе резервирале еден сандук за двајцата.

"Статистиката вели дека жените живеат подолго од мажите. Доколку тој умре пред мене, не ми паѓа на памет да трошам пари за нов сандак, туку ќе купиме поголем, ќе го ексхумираме и потоа кога ќе умрам ќе почиваме заедно", вели жената. Исто така, на погребната плоча, освен што ја купиле најобичната, на неа ги изрезбале само иницијалите за да не трошат пари и за тоа.

"Пресреќна сум, со тоа заштедивме 2.000 долари", вели жената.