02 Мај, 2024
0.0257

(ВИДЕО) ЖИВОТ ВО ОБЛАЦИ: Ова е највисокото село во Европа

Објавено во: Стил 13 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Селото Ушгули во Грузија се наоѓа на 2.191 метар надморска височина. 

Скриено во прекрасни планински предели, ова село го одзема здивот на туристите. 

Ушгули се состои од 4 помали села, а тоа се: Жибијани, Чвибијани, Чажаши и Мукмели. 

Селото до некаде изгледа запуштено, а во него владее стар грузиски начин на живот. 

Во ова село има 200 гостопримливи жители, а има и училиште затоа што децата не можат да патуваат до друго училиште. 

До селото се доаѓа со автомобил, а некои авантуристи дотаму стигнуваат и со велосипед. 

Ушгули има капела стара 1000 години и кула. 

Околу 6 месеци во годината селото е покриено со снег.