(ВИДЕО+ФОТО) ИРМА СТИГНА НА ФЛОРИДА: Луѓето бегаат, бензин нема, продавниците се празни
Објавено во: Свет 09 Септември, 2017
Флорида е во хаос. Стотици илјади луѓе бегаат од ураганот Ирма, а на улиците има колони возила.
Околу половина милион луѓе од југот на Флорида се предупредени да ги напуштат своите домови.
Авио компаниите се трудат да евакуираат што е можно повеќе луѓе, а училиштата и колеџите се затворени.
Бензин снемува, а луѓето ги испразнија и продавниците
Националната гарда има наредба да ги штити бензинските пумпи и цистерните.
Луѓето кои не побегнале од домовите се забарикадирани во своите куќи.
Ураганот претходно направи пустош на Карибите. Помина и низ Куба. Ова е најсилен ураган во последниот век.