(ВИДЕО+ФОТО) ПОТОП ВО ГРЦИЈА: Ципрас прогласи Ден на жалост
Објавено во: Балкан 15 Ноември, 2017
Најмалку 15 лица загинаа во обилните врнежи од дожд кои поплавија три градови во соседна Грција. Има и исчезнати луѓе во поплавите.
Премиерот Алексис Ципрас прогласи Ден на жалост.
Поплавени се населбите Мандра, Неа Парамос и Мегара. Тие се наоѓаат западно од Атина, каде што се лоцирани многу фабрики и магацини.
Лошото време во областа се очекува да продолжи до 19 ноември.
Грција прогласи вонредна состојба на островот Сими вчера, по поројните дождови што предизвикаа поплави. Многу домови се уништени, а електричната енергија е прекината. Најдојдените води однеле десетици автомобили. На островот пристигнаа засилувања од пожарната и крајбрежната стража за да се исчистат патиштата. За време на викендот, еден британски турист се удавил во неговиот автомобил при невреме на грчкиот остров Крф.