(ВИДЕО) KAKO РЕАГИРАА ПРИСУТНИТЕ: Вучиќ се пошегува со Тачи и Могерини
Објавено во: Балкан 30 Октомври, 2019
Српскиот претседател Александар Вучиќ се пошегува на сметка на косовскиот претседател Хашим Тачи, кој со бакнежи во двата образи се поздрави со шефицата на европската дипломатија во заминување, Федерика Могерини, која синоќа организираше вечера за лидерите од Западен Балкан.
На коментарот на Вучиќ, Тачи не одговори, по што овој додаде дека Тачи се прави дека не разбира српски јазик. На ова Тачи само се насмевна.