02 Мај, 2024
0.0298

Викендов не го пропуштајте најголемиот шопинг настан во Skopje City Mall!

Објавено во: Мои пари 22 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Дали сте подготвени за најголемиот шопинг настан за оваа година? Убаво одморете се, договорете ги вашите најблиски партнери за купување и тргнете во акција: незаборавен шопинг во Skopje City Mall на денот кога целиот свет го зафаќа шопинг лудилото наречено Black Friday!


Што може да очекувате викендов во Skopje City Mall? Од петок (24.11), повеќе од 130 локали ќе обезбедат специјални попусти кои ќе се движат од -20% до -70%. А доколку не успеете да ги прошетате сите продавници за еден ден и да си купите сѐ што ви е потребно, Black Friday во Skopje City Mall и оваа година ќе трае преку целиот викенд.

“Секоја година имаме успешна Black Friday акција и потрошувачите со нетрпение го очекуваат овогодинешниот последен петок од месец ноември. И оваа година намалувањата се движат од -20% до -70% кај повеќе од 130 закупци. Водени од целта да овозможиме најдобри услови за незаборавен шопинг, четврта година по ред го организираме Black Friday преку целиот викенд, за сите наши потрошувачи коишто не стигнале да купат сѐ што им е потребно во петок, да можат да ги искористат дополнителните два дена. Морам да потенцирам дека оваа година имаме најголем број на учесници во кампањата”. – изјави Дарко Панчевски од маркетинг секторот на Skopje City Mall.


Од Skopje City Mall велат дека оваа година очекуваат најголема посетеност и рушење на сопствените рекорди и воедно ги повикуваат сите да ги искористат одличните услови и атрактивни попусти и да купат нешто за себе и за најблиските. Додаваат дека во рамките на акцијата Black Friday ќе организираат дополнителни активности со кои пријатно ќе ги изненадат потрошувачите.     

Можеби ќе ве интересира

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа