29 Април, 2024
0.0262

Вип со конференција „Women in Digital“

Објавено во: Мои пари 08 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Во организација на телекомуникациската компанија Вип, денеска се одржа првата конференција “Women in Digital” чија главна тема е улогата и значењето на дигиталната технологија во развојот на општеството, како и нејзиниот придонес за еднакво учество на жените и мажите во сите општествени процеси, вклучувајќи го и бизнисот.

Учесниците на конференцијата од различни општествени сегменти, меѓу кои и голем број успешни и влијателни претставници од бизнисот, од академската заедница, од граѓанскиот сектор, медиумите и институциите, се запознаа со светските трендови во развојот и употребата на дигиталната технологија.

“Следејќи го мотото ‘Повеќе за Вас’, Вип континуирано им нуди на корисниците иновативни и достапни решенија со висок квалитет, на најмодерна мрежа во која инвестиравме над 35 милиони евра. На ваков начин, на сите корисниции во Македонија им ги овозможуваме најновите светски информатичко-комуникациски технологии. Со тоа на граѓаните, на бизнисот и на општеството во целина им нудиме севкупна и брза дигитализација која, станувајќи достапна за сите, ги брише разликите во општеството, меѓу кои и родовите. Во тој контекст и Вип како компанија е доказ за родова еднаквост па така од вкупно 1100 вработени 50% се жени, од кои 46% се на менаџерските позиции во компанијата. Тоа го поставува Вип на самиот врв во земјата, кога е во прашање еднаквоста на половите во деловниот свет”, рече на отворањето на конференцијата, извршниот директор на Вип, Мислав Галер.


Говорејќи за активностите што ги презема Владата во сегментот на дигитализацијата, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, истакна: “Процесот на дигитализација ги брише родовите разлики. Единствено што препознава се способноста, вештините и знаењата. Дигитализацијата како едно од главните обележја на нашето време е значајна за целокупниот развој на општеството. Владата прави големи напори во овој сегмент за да се создадат нови услови за иден развој. Во таа насока и е подготовката за Национален оперативен план за широкопојасен интернет кој ќе овозможи развој на брзи и супер брзи електронски комуникациски мрежи“.


“Водени од потребите на модерното живеење Вип секогаш се фокусира на креирање иновативни производи и услуги што на корисниците им овозможуваат поедноставен и поефикасен начин на комуникација. Како дел од моќната Телеком Австрија Групација, Вип во чекор ги следи модерните дигитални трендови и ја овозможува дигиталната технологија широко достапна за сите.”, вели Елена Панова, маркетинг директорка на Вип.


На конференцијата, за регионалните искуствата со дигитализацијата и моќта што таа им ја дава, особено на жените во современиот деловен свет, говореше и Иван Скендер, директор за бизнис трансформација во Vipnet, а видео-обраќање имаше и Елизабета Кастаљони, главна извршна директорка во А1 Digital.


Дополнително, во рамки на конференцијата се одржа и панел-дискусија на која истакнати успешни жени од повеќе општествени сфери во земјава говореа за сопствените искуства и влијанието на дигиталната технологија врз нивниот професионален успех и животен стил. На ова тема говореа: Доц. д-р Венера Крлиу-Ханџиски, професорка и извршна директорка на Универзитет Американ Колеџ Скопје; Вилма Учета-Дузлеска, извршна директорка на Кроација осигурување – Живот; Драгана Чифлиганец, извршна директорка на Адора Инженеринг; Ира Стефанов-Бабиќ, извршна директорка на Бренд унион; Сузана Јошевска-Анастасовска, адвокатка од адвокатска канцеларија „Станковиќ-Јошевска“ и една од основачите на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и Славица Биљарска, ПР консултант и ко-организатор на AllWeb конференцијата.

Можеби ќе ве интересира

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа