01 Мај, 2024
0.1362

Влада: Заев немал никакви контакти со Пекер

Објавено во: Македонија 12 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Владата демантира дека премиерот Зоран Заев имал контакти со контроверзниот лик кој во моментов е во бегство од органите на прогонот на Турција, Седат Пекер, кому наедно му бил издаден пасош со лажен идентитет од полициската управа во случајот „Двојник“.

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, пред два дена објави видео во кое тврди дека Седат Пекер, кој во Турција го претставуваат како лидер на голема криминална организација, на турски јазик тврди дека се сретнал со премиерот на државата и со други политички лидери.

- Премиерот Заев и неговото семејство немале контакти со споменатото лице. Тие не се доведени во никаква врска со споменатото лице и тоа го отфрламе како лага, рече владиниот портпарол Душко Арсовски на денешната прес-конференција.

Пекер е актуелен изминатиот период во Турција затоа што на своите социјални мрежи преку видеопораки се пресметува со турската држава која има распишано потерница по него. Тој е дел од актуелната афера во Македонија, „Мафија“, која се однесува на издавање документи (пасоши и лични карти) со лажни идентитети на водачи на разни криминални групи во регионот.

Во едно од видеата, Пекер наводно зборува за тоа дека бил пријател со македонскиот премиер Зоран Заев и со лидерите на сите политички партии во Македонија. Исто така, вели дека бил депортиран само затоа што визата за престој во Македонија му истекла. Засега, меѓутоа, не потврдува дека има македонска исправа.




Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање