11 Мај, 2024
0.0435

Владата денеска ќе го прифати предлогот на Комисијата за отворање на границите без ПЦР-тестови

Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Препораката на Комисијата за заразни болести за отворање на границите со земјите од регионот без ПЦР-тест во текот на денот ќе биде разгледана на редовната седница во Владата. Ова вчера го потврди премиерот Зоран Заев, кој вели дека  Македонија не сака да биде изолирана, и покрај зголемувањето на бројот на позитивни на Ковид-19.

„Во вторник ќе ја донесеме оваа одлука, таа е регионална иницијатива, не припаѓа на Република Северна Македонија, бидејќи регионот е мал и бројките се приближно исти. Секако дека ќе донесеме одлука во Владата, дебатата е квалитативна, че помогне и од  економски аспект. Факт е дека сите се плашиме од растечкиот број низ целиот свет, во нашиот регион, низ цела Европа, додека секако сакаме да ги почитуваме компетентните луѓе како што е Комисијата за инфективни болести. Ваква иницијатива, каде што веќе ги имаме Албанија, Црна Гора и Косово кои се за отворање, чекаме одговор од Србија и Бугарија. На прв поглед, Комисијата е позитивна во врска со овие прашања, ќе ги дадат аргументите пред Владата преку министерот Венко Филипче, во вторник на редовната седница на Владата, каде што владата сепак ќе донесе одлука. Ние не сакаме да бидеме изолирани од регионот, ако регионот е отворен, тогаш треба и ние, регионот е мал, ние сме поврзани со регионот и од аспект на здравството и економијата. Но морам да нагласам дека тие предлози ќе бидат за патувања без ПЦР, но само кога е потребно“ најави вчера Заев.

Министерството за здравство оретходно соопшти дека Комисијата за заразни болести утрово препорача границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија да се отворат без потреба од ПЦР-тестови.

„Според анализата, во моментот нема индикации, односно нема голем број на случаи увезени со Ковид-19 од овие земји. Според овие податоци, нема ризик и безбедно е да се отворат границите. Во Европската унија, сите граници за движење се без тест за ПЦР “, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Министерството за здравство додаде дека нацрт-одлуката ќе биде испратена до Владата на Република Северна Македонија.


Можеби ќе ве интересира

Претседателските избори официјално завршени, Силјановска Давкова го добива уверението од ДИК

Претседателските избори официјално завршени, Силјановска Давкова го добива уверението од ДИК

Груби: Сакавме да докажеме дека Американците градат побрзо автопати од Кинезите

Груби: Сакавме да докажеме дека Американците градат побрзо автопати од Кинезите

Милијардата на Мицкоски ќе дојде од Емиратите?

Милијардата на Мицкоски ќе дојде од Емиратите?

Таравари се надева дека ќе ја добие функцијата претседател на СобраниетоБироОд

Таравари се надева дека ќе ја добие функцијата претседател на СобраниетоБироОд

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ ќе почне разговори со „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ ќе почне разговори со „Вреди“

ДИК: Пристигнати се 17 приговори

ДИК: Пристигнати се 17 приговори

МУЦУНСКИ: Утре почнуваат разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“

МУЦУНСКИ: Утре почнуваат разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“

ЦУК: Oдрони има на патниот правец од Делчево кон Македонска Каменица

ЦУК: Oдрони има на патниот правец од Делчево кон Македонска Каменица

НИКОЛОВСКИ: Пред нас следува период на внатрешна реформа и реорганизација, по која СДСМ ќе биде обединет

НИКОЛОВСКИ: Пред нас следува период на внатрешна реформа и реорганизација, по која СДСМ ќе биде обединет