02 Мај, 2024
0.0294

Владата го поздрави извештајот на Прибе и вети решавање на проблемите

Објавено во: Македонија 15 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Влада на Република Македонија ја поздравува работата на експертската група на Рајнхард Прибе за системски прашања од областа на Владеењето на правото, и на овој втор Извештај гледа како на продолжение на Извештајот на Прибе во 2015 година.

Денешниот извештај кој се однесува на периодот јуни 2015 - јуни 2017 беше изготвен во целосна соработка на сите државни институции со експертската група предводена од Рајнхард Прибе. Го поздравуваме заклучокот на групата наведен во Извештајот за позитивната промена во политичкиот контекст и согледаната поголема посветеност од страна на институциите за проактивно решавање на политичките предизвици и преземање одговорност, велат од Владата и дополнуваат.

- Сметаме дека Извештајот на Прибе објавен денеска дава реална слика за системските и долгогодишни предизвици кои оваа Влада ги наследи по преземањето на власта во јуни 2017 година, затекнувајќи „заробена држава“.

Владата на Република Македонија целосно се согласува со констатацијата дека во периодот 2015-2017 година многу малку работи се подобрени во областите од Извештајот, и дека тоа значи многу изгубено време за Македонија.

Токму во првите 100 дена од работењето, новата Влада успеа да ги согледа овие проблеми и, загрижена за досегашното загубено време и шанси, изработи реформски План 3-6-9, кој веќе опфаќа дел од проблемите утврдени во новиот Извештај на експертската група на Прибе, и отвара пат за нивно решавање.

Истакнуваме дека Извештајот на Прибе објавен денеска ќе го искористиме како насока за надградување и подобрување на Планот 3-6-9, како и за определување на приоритетните мерки за наредниот период. Плановите на Владата ќе се прават врз основа на соодветни анализи и во отворен и инклузивен процес со Собранието, опозицијата и граѓанското општество. Реформскиот план на Владата ги покрива истите теми како и Извештајот на Прибе 2017 бидејќи првично Планот 3-6-9 беше изработуван согласно забелешките од првиот Извештај на Прибе од 2015 година.

Четирите клучни области на денешниот Извештај се: 1) Судство, 2) Спроведување на законот и гонење на кривични дела (Полиција и Јавно обвинителство), 3) Независни тела (регулаторни, контролни и надзорни) и 4) Медиуми и граѓанско општество.

Владата има сериозен пристап кон суштинските промени кои треба да се направат не само во плановите и стратегиските документи туку и на дело во практиката без повторување на грешките од минатото.

Целта на Владата на Република Македонија е да ги решава проблемите на суштински начин, а Европската комисија со верификување на напредокот да овозможи обновување на безусловна препорака за почеток на преговорите со ЕУ и скорешно отварање на преговарачкиот процес за членство на Македонија во ЕУ, стои во соопштението на Владата.


Можеби ќе ве интересира

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја