03 Мај, 2024
0.0281

Владата го зголеми капитациониот бод за 8 денари

Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Владата го зголеми капитациониот бод за матичните лекари во примарното здравство за 8 денари. Тоа значи дека од 55 денари сега ќе изнесува 63 денари.

„Од 1 октомври капитациониот бод се зголемува за 15 отсто за матичните лекари, стоматолозите и гинеколозите кои имаат договори со Фондот за здравствено осигурување. За тоа се издвоени 465 милиони денари гоидишно за материјална и техничка поддршка на капацитетите за подобрување на услугата“, рече Ден Дончев, директорот на Фондот за здравство.

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека покрај тоа ќе се олесни и административната работа на матичните доктори, но и обврските.

„Се олеснува и административната работа со воведување на кодирање и шифрирање на работата. Ќе следува подобрување на методологијата за плаќање на лекарите преку евидентирање на квантитетот и квалитетот базиран на докази. Покачувањето на капитационен бод е дел од сеопфатна реформа во здравствениот систем. Ќе се поттикнува превентивата во примарната здравствена заштита. Ова е уште една мерка од реформата на ниво на примарната заштита по консултации со Светска банка и Светската здравствена организација. Докторите ќе добијат и протоколи да повикуваат пациенти за рано откривање на болести. Сите матични пациенти да ги повикаат заради превентивни мерки. Ќе им се дозволи и препишување на терапија намето препраќање“, наведе Филипче.

Премиерот Зоран Заев рече дека ова е уште едно остварување од владината програма за да се спречи одливањето на медицинскиот кадар.

„ Повеќе лекари ќе останат дома, а граѓаните ќе добијат поширок спектар на здравствени услуги. Вредноста на капитациониот бод за матичните лекари се зголемува за 8 денари.  Во 2017 во програмата запишавме зголемување на платите а сега го остваруваме“, изјави Заев.



Можеби ќе ве интересира

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција